Хорор: Вуко ги бранел децата и бил изгризан од глутница кучиња, завршил во болница!

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан, кој игра за Вардар 1961, вчера шетајќи со своите деца низ Скопје бил нападнат од глутница кучиња.

Од клубот потврдија дека Борозан шетал низ градот и сакајќи да си ги заштити децата, бил брутално изгризан од кучињата. Завршил во болница, шиен е на повеќе места по телото со 14-15 конци.

Неговиот настап на утрешниот важен меч од ЕХФ Европската лига против Порто е под голем знак прашалник.

- Оглас -

Најнови вести