„Шеикот Новак“: Ѓоковиќ облече традиционална саудиска облека и позираше во Ријад (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во последните денови престојуваше во саудискиот главен град Ријад, каде што учествуваше на егзибицискиот турнир на „Шесте кралеви”. Притоа, тој направи интересна фотосесија која ги воодушеви Саудијците, позирајќи на неколку локации облечен во нивната традиционална носија.


На социјалните мрежи следуваа симпатични коментари како „шеик Новак“ и „кралот на пустината“.

Ѓоковиќ активно се вклучи во кампањата за промоција на тенисот во Саудиска Арабија, а со овие активности дополнително ја промовираше и самата држава. Слично како Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се туристички амбасадори на Саудиска Арабија, се смета дека и Ѓоковиќ бил богато награден за својата улога.

Турнирот на „Шесте кралеви” немаше натпреварувачки карактер и не носеше поени за АТП-листата, но Саудијците немаа проблем да ги привлечат врвните тенисери.


Победникот Јаник Синер си замина дома со награда од шест милиони долари, што е најголема парична награда во историјата на тенисот. Секој тенисер заработи најмалку 1,5 милиони долари само за учество на турнирот, а покрај Синер и Ѓоковиќ, на турнирот играа и Карлос Алкарас, Данил Медведев, Холгер Руне и Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести