Тоти размислува на 48 години да се врати и да игра во Серија А!?

Франческо Тоти е еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња. Целата играчка кариера ја помина во дресот на Рома. Одигра 786 меча за Римската волчица, а постигна 307 гола. Во 2001 година се радуваше на трофејот во Серија А, а има и два пехари од Купот на Италија и Суперкупот. Во дресот на италијанската репрезентација стана светски првак на Мундијалот во 2006 година.

Професионалната кариера на Тоти заврши пред седум години, кога имаше 41 година, а сега размислува за повторно активирање.

„Имаше клубови од Серија А кои ми се јавија и сакаа да се вратам на теренот. Признавам дека тоа малку ме натера да размислам. Малку е веројатно, но никогаш не може да се каже никогаш. Има фудбалери кои се вратиле на теренот по неколку години откако заминале во пензија. Зависи и кој ја дава понудата, но би се вратил во Серија А. Со 2-3 месеци активно тренирање би бил подготвен. Уште играм фудбал иако имам 48 години. Подготвен би бил за половина час. Ако направам таков луд потег да се вратам во фудбалот, тоа би било во Италија, никако во странство“, рече Тоти.

- Оглас -

Најнови вести