Тренерот на Монако пред мечот од ЛШ: „Црвена ѕвезда е поквалитетна екипа од Динамо Загреб“

Екипата на Монако после победата над Барселона и ремито на гости против Динамо Загреб, на домашен терен ја пречекува Црвена ѕвезда во меч од третото коло на Лигата на шампионите.

Тренерот на францускиот претставник, Адолф Хитер, доби интересно прашање, дали Динамо Загреб или Црвена ѕвезда е поквалитетна екипа.

„Тешко е да се спореди оваа екипа (н. з. Црвена ѕвезда) со Динамо. Мислам дека се поквалитетни. Имаат интересни фудбалери како што е Силас, кој неколку години играше за Штутгарт или младиот Максимовиќ, производ на нивната школа, кој веќе игра на високо ниво. Одиграа одлично прво полувреме против Интер и целиот меч против Бенфика. На тој натпревар заслужија да победат, ние ќе мора да бидеме внимателни. Добра екипа се и кај нас доаѓаат по бодови за следната фаза. Ова е Лига на шампиони, мора да играме на највисоко ниво, а нашата цел е победа.“ – рече Хитер пред мечот со Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести