Меси сакаше да понижи само еден фудбалер на теренот: „Да, намерно го правев тоа“

Репрезентациите на Аргентина и Полска играа во групната фаза на Светското првенство во Катар, а на овој меч најдобриот фудбалер на светскиот шампион, Лионел Меси, се однесуваше чудно, и тоа во дуелите со Роберт Левандовски.

„Го игнорирав во текот на натпреварот, бев лут и мислам дека не требаше да каже такви работи. Дали намерно го дриблав? Да“, рече Меси.

Проблемот помеѓу Меси и Левандовски настана при доделувањето на Златната топка, која ја освои Аргентинецот, а полскиот репрезентативец, тогаш фудбалер на Баерн Минхен, беше најдобар стрелец. Меси тогаш изјави дека токму Левандовски требаше да ја освои Златната топка, а овој во изјава за германските медиуми му возврати дека тоа се само празни зборови.

- Оглас -

Најнови вести