Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има мала минутажа во германскиот бундеслигаш Лајпциг, а тоа сака да го искористи португалскиот стратег Жозе Мурињо и ќе се обиде да го доведе на позајмица во Фенербахче во зимскиот преоден рок.
Турските медиуми веќе наголемо го најавуваат овој трансфер, иако допрва ќе се разгледуваат опциите за можното враќање на Елмас во Истанбул.
Елмас во Фенербахче ја почна интернационалната кариера откако дојде од Работнички како малолетно момче. Потоа следуваше трансфер во Наполи, а оттаму Елмас замина за Германија и потпиша за Лајпциг.
Според медиумите во Турција, Жозе Мурињо побарал од раководството нови засилувања во јануари, а една од опциите за средниот ред е токму Елиф Елмас. Тој би дошол на позајмица до крајот на сезоната, со опција и за комплетно откупување на неговиот договор.