Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на најплатените фудбалери во 2024 година, односно оние кои заработиле најмногу од договорите со клубовите и своите маркетинг активности. Како и претходно, листата ја предводи португалската легенда Кристијано Роналдо.
Триесет и деветгодишниот фудбалер кој игра за саудискиот Ал-Наср има приход од 220 милиони долари од фудбал во 2024 година, а надвор од теренот заработува дополнителни 65 милиони долари.
Роналдо е водечки на листата со неверојатни 285 милиони долари годишна заработка.
Следен на листата е неговиот долгогодишен ривал и според многумина, најдобар фудбалер на сите времиња, Лионел Меси. Две години помладиот Аргентинец заработува двојно помалку. Со договорот со Интер Мајами во американската МЛС-лига добива 60 милиони долари, а останатите активности му носат 75 милиони долари. Така вкупно заработува 135 милиони долари годишно.
Трет на листата е Бразилецот Нејмар, иако во 2024 година поради тешка повреда воопшто не играше фудбал. Тој е играч на саудискиот Ал-Хилал, со кого има договор вреден 80 милиони долари годишно, а останатите приходи му се 30 милиони долари.
Десетте најплатени фудбалери во светот
Кристијано Роналдо (Ал-Наср) – 285 милиони долари
Лионел Меси (Интер Мајами) – 135 милиони долари
Нејмар (Ал-Хилал) – 110 милиони долари
Карим Бензема (Ал-Итихад) – 104 милиони долари
Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 90 милиони долари
Ерлинг Халанд (Манчестер сити) – 60 милиони долари
Винисиус јуниор (Реал Мадрид) – 55 милиони долари
Мохамед Салах (Ливерпул) – 53 милиони долари
Садио Мане (Ал-Наср) – 52 милиони долари
Кевин де Бројне (Манчестер сити) – 39 милиони долари