Ќе има многу голови на мечевите од ЛШ

6001 Милан – Клуб Бриж (18.45 часот)
Милан на домашен терен е фаворит против Клуб Бриж. Нашиот предлог е триумф на Росонерите, а на натпреварот да бидат постигнати од два до пет гола.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.88)

6002 Монако – Црвена ѕвезда (18.45 часот)
Српскиот првак Црвена ѕвезда се обидува да биде конкурентен во елитното натпреварување, но засега тешко му оди. Монако е за нив премногу сериозен ривал, па се очекува триумф на Кнезовите, кои би требало да имаат водство уште по првото полувреме.
Предлог тип: 1-1 (1.96)

6003 Жирона – Слован Братислава (21.00 часот)
Слован Братислава е убедливо најслабиот тим според квалитетот во Лигата на шампионите. Жирона тоа планира да го искористи и да оствари триумф на вечерашниот меч на домашен терен. Покрај победата, се очекува да бидат постигнати и најмалку три гола, а Жирона да обезбеди предност и по првото полувреме.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.84)

6006 Арсенал – Шахтар Донецк (21.00 часот)
Арсенал е огромен фаворит на дуелот со Шахтар. Покрај победата, речиси сигурно е дека Топчиите ќе се обидат и да ја подобрат гол-разликата во Лигата на шампионите. Украинскиот тим игра офанзивен фудбал, па можно е и да постигне барем еден погодок на „Емирати“.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.08)

6005 ПСЖ – ПСВ (21.00 часот)
Пари Сен Жермен е голгетерски расположен кога игра на домашен терен и ПСВ тоа нема да може да го спречи. Тимот на Луис Енрике ќе слави, а на овој натпревар се очекува да бидат постигнати најмалку три погодоци.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.77)

- Оглас -

Најнови вести