Вардар е аутсајдер според квотите, но многупати се докажало дека во „Јане Сандански“ Црвено-црните се закон

Победа и пораз има Вардар по првите две кола во ЕХФ Европската лига, а вечерва во „Јане Сандански“ доаѓа тимот на Порто, во рамките од третото коло. Овој меч може да биде многу важен во обидот на Вардар да стигне до едно од првите две места во групата. Едноставно, потребна е победа за да се задржат реалните шанси дека може да се помине групната фаза.

Според квотите во Sport Life, Порто ја има улогата на фаворит, но Црвено-црните кога играат на свој терен, пред своите верни навивачи, никогаш не се предаваат и очекуваат победа.

„Нè очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на ЕЛ. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут-рундата, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во Јане Сандански и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, вели Марио Танкоски.

Вкупно 16 мечеви се играат денеска во ЕХФ Европската лига и сите ги има во понудата за обложување.

- Оглас -

Најнови вести