Во Јужна Кореја се одигра најчудниот фудбалски натпревар: Легендите играа „напаѓачи против дефанзивци“ (Видео)

Еден од најчудните натпревари во историјата на фудбалот се одигра во Јужна Кореја. На стадионот во Сеул настапија голем број фудбалски легенди, а интересна беше поделбата на екипите. Легендите играа „напаѓачи против дефанзивци“, а изненадувачки победија одбранбените фудбалери со 4-1.

Во екипата на дефанзивците, чиј тренер и играч беше Фабио Канаваро, настапија уште и: Рио Фердинанд, Карлес Пујол, Немања Видиќ, Андреа Пирло, Хавиер Маскерано, Кларенс Сидорф, Леонардо Бонучи, Едвин ван дер Сар, Рикардо Карваљо, Џон Арне Рисе, Адилсон и Јаја Туре.

Тренер и играч на екипата на офанзивците беше Тјери Анри, а освен легендарниот Французин, настапија и: Кака, Дидие Дрогба, Еден Азар, Димитар Бербатов, Карлос Тевес, Луис Фиго, Мајкл Овен, Андриј Шевченко, Алесандро дел Пиеро, Ривалдо, Диего Форлан, Ји-Сунг Парк и Марун Фелаини.

Стрелци на головите за победничката екипа беа Туре, Сидорф, Маскерано и Парк-Јо Хо, додека единствениот гол за напаѓачите беше Парк Ји-Сунг. Мечот го проследија 62.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести