Репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам, кога минатата сезона пристигна во Реал Мадрид, беше најдобриот фудбалер на Кралевите и ги воодушеви навивачите со своите игри. Сепак, оваа сезона не е така. Англичанецот сезоната ја започна со повреда, а потоа на девет натпревари по ред не успеа да постигне гол. Пристигнуваа критики од сите страни, шпанската „Марка“ имаше специјална анализа со наслов „Од 10 до 0 само за една година“, а сето тоа дополнително го фрустрира Белингам.
Според информациите од соблекувалната на Реал, Белингам е разочаран што е во втор план по доаѓањето на Килијан Мбапе, а Карло Анчелоти со изјавите во медиумите се обидува да го оправда.
„Изненадување беше што минатата сезона успеа да постигне толку многу голови. Се радуваме на неговите настапи и оваа сезона. Постигнувавме голови и ќе постигнуваме уште повеќе бидејќи имаме одличен и талентиран напад“, вели Анчелоти.