Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија и Роберто Манчини преговараат за раскин на договорот откако Италијанецот загуби од Јапонија со 2-0 и одигра 0-0 против Бахреин во квалификациите за Светското првенство.
Италијанскиот тренер седна на клупата на Саудиска Арабија минатата година и на 18 натпревари како селектор има седум победи, пет нерешени и шест порази, па сега преговараат околу исплатата на обесштетувањето за предвремен раскин на договорот.
Според медиумите во Саудиска Арабија, кандидати за наследник на Манчини се домашниот тренер Ал-Хазема Салех Ал-Мохамади, но и Французинот Ерве Ренар. Сепак, сонот на челниците на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија е ангажман на Зинедин Зидан, па најпрво ќе се обидат да го донесат него за селектор, а дури потоа ќе се размислува за друг тренер.