Се подготвува спектакл: Ибрахимовиќ и Руни влегуваат во боксерскиот ринг?

Организацијата Misfits Boxing планира вистински спектакл и во рингот да ги внесе двајца легендарни фудбалери. Се работи за Вејн Руни, кој начелно ја прифатил поканата да боксува, а вториот е Златан Ибрахимовиќ, кој според организаторо,т се уште размислува.

Оваа боксерска организација е во сопственост на јутјуберот КСИ, кој вели дека веќе се започнати преговорите со менаџерскиот тим на поранешниот шведски репрезентативец и тие се одвиваат во позитивна насока, па само прашање на време е кога Руни и Ибрахимовиќ ќе влезат во рингот.

Доколку успее организацијата, тоа би било вистински спектакл не само за љубителите на боречките вештини, туку и за фудбалските навивачи. Во моментов не е познато каде би се одржал евентуалниот бокс меч.

- Оглас -

Најнови вести