Мајсторија на Пулишиќ, даде гол од корнер (Видео)

Американецот Кристијан Пулишиќ сезонава е во животна форма, а вечерва за првпат во кариерата постигна гол директно од корнер. Фудбалерот на Милан изведе корнер, сите очекуваа нафрлување, а топката отиде во голот и збунетите гости од Клуб Бриж беа немоќни да го спречат погодокот.

Во Лигата на шампионите ова е втор гол од корнер во последните десет месеци, Анхел Ди Марија од Бенфика на таков начин даде гол во декември минатата година. Пред тоа, 22 години немаше гол од корнер во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести