Дури осум меча ќе се играат денеска во Купот на Македонија, а еден од дерби дуелите ќе биде на арената „Тодор Проески“ меѓу Вардар и Тиквеш. Црвено-црните ја имаат предноста на домашен терен, што треба да е мотив повеќе за скопјани.
Тиквеш го има најслабиот напад во лигата и на последните пет меча нема дадено ниту еден гол. Дури 476 минути поминаа откако Тиквеш последен пат погоди. Ако се погледне и малку подалеку, во последните осум натпревари, Тиквеш има постигнато само еден погодок за 750 минути игра.
За разлика од Тиквеш кој го има најслабиот напад, Вардар е екипата со најслабата одбрана и досега прими дури 21 погодоци во 10 првенствени дуели, тоа во просек е повеќе од два гола на меч.
Вардар и Тиквеш играа во Кавадарци во првенството, кога Вардар имаше водство од 1:0, а домаќините револтирани заради поништен погодок во 90+5 минута, направија инцидент, па службено загубија со 0:3.
Во другите мечеви кои се играат во осминафиналето на Купот се среќаваат: Брера – Беса, Арсими – Воска, Гостивар – Брегалница, Пелистер – Детонит, Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново, Силекс – Шкупи и Струга ТЛ – Македонија ЃП.