За историја: Леброн Џејмс и Брони станаа првиот татко и син кои заедно играа во НБА (Видео)

Лос Анџелес лејкерс победи против Минесота со 110:103, а дуелот во „Стејплс центарот“ е историски затоа што за прв пат во НБА историјата, на еден натпревар заедно играа татко и син. „Вечниот“ Леброн Џејмс тргна во нова рекордна сезона, но овојпат покрај него е и син му Брони. Тоа што се најавуваше која на драфтот Брони беше избран од тимот на ЛА лејкерс, ноќеска се оствари, а тоа е таткото и синот заедно да се појават на теренот и да играат.

https://twitter.com/i/status/1848921822529470716

Пред да се случи историскиот момент и заедно да влезат на теренот, Леброн кој ја започнува 22 сезона во НБА лигата имаше совет за својот син, дебитант.

„Подготвен си? Само играј без грижа. Излези на теренот и играч јако“, беше советот што Леброн му го даде на својот син.

Леброн заврши со 16 поени, пет скока и четири асистенции, додека Брони имаше два шута кои ги промаши и оствари еден скок за три минути поминати на теренот во дебито во НБА.

„Ова е момент кој ќе го памтам целиот живот“, рече дебитантот Брони по мечот.

https://twitter.com/i/status/1848948792650776978

Во последните 40 години има е само четврто дуо татко-син да заигра во професионален спорт.

- Оглас -

Најнови вести