Трагедија: Пет лица убиени на фудбалски натпревар во Јамајка

Голема трагедија се случила во источниот дел на главниот град на Јамајка, Кингстаун, кога вооружени напаѓачи отвориле оган на трибините, додека на теренот се играл пријателски фудбалски натпревар.

Напаѓачите убиле пет лица, а има и многу повредени. Властите од оваа карипска земја трагаат по напаѓачите, а додека трае потрагата воведен е 48-часовен полициски час во овој дел од градот кој е познат по големата стапка на криминал.

Голем број од навивачите се здобиле со повреди и во обид да ги напуштат трибините кога започнало пукањето.

- Оглас -

Најнови вести