Финалето на ЛШ во 2027 година ќе се игра во Мадрид или Баку

Финалето на фудбалската Лига на шампиони во 2027 година нема да биде на италијански стадион откако на „Сан Сиро“ во Милано му беа одземени правата, а стадионот „Олимпико“ се повлече од идејата да биде замена.

Мечот кој треба да се игра во мај 2027 година, ќе се игра во Мадрид на стадионот на Атлетико, „Ванда Метрополитано“, или на олимпискиот стадион во главниот град на Азербејџан, Баку.

Правата за домаќинство му беа одземени на Милано поради можната реконструкција на „Сан Сиро“ во периодот кога треба да се игра финалето на ЛШ или изградба на нов стадион на негово место.

УЕФА во мај следната година ќе одлучи каде ќе се игра финалето во 2027.

- Оглас -

Најнови вести