Турски Галатасарај привремено го презеде првото место на табелата во Лига Европа со седум бодови од три кола, откако вечерва во Истанбул го победија шведски Елфсборг со 4-3.
Галата одигра фуриозно прво полувреме по кое водеше со 3-0, но се задоволија и застанаа. Елфсборг даде два гола за 2-3 на половина час до крајот на средбата со што внесе нервоза кај домашните кои се исплашија дека од готово може да направат вересија. Но, Јунус Акѓун во 83-та минута погоди за 4-2 и гостите веќе немаа време за пресврт, иако погодија и по трети пат.
Истанбулските Црвено-жолти на сите три меча сезонава во ЛЕ и даваат и примаат гол, и на сите нивни мечеви паѓаа барем четири голови.
Вечерва се одигра уште еден интересен меч од Лига Европа. Бодо/Глимт славеше во Брага со 2-1, а Норвежаните победничкиот погодок го постигнаа во 94-та минута.
Ова е голот на Галатасаја за 4-2:
GOOOLLL – Yunus Akgün
Galatasaray 4-2 Elfsborg#GSvELF #UEL pic.twitter.com/wfcIEB9dWq— Goller Burada (@streamhubtr22) October 23, 2024