Стефан Ристовски со две одлични асистенции донесе триумф за Динамо Загреб против Салцбург (Видео)

Хрватскиот првак Динамо Загреб во третото коло од Лигата на шампионите дојде до првата победа, и тоа на гости против Салцбург (0-2). На овој меч одлична игра прикажа поранешниот капитен на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски, кој беше асистент за двата гола на Динамо.

Стефан Ристовски во 49-та минута му асистираше на Сандро Куленовиќ за водечкиот погодок, а потоа во финишот на мечот му додаде гол-топка и на Бруно Петковиќ кој го потврди триумфот.

- Оглас -

Најнови вести