Возбудлива НБА-ноќ: Фаворитите одиграа по планот, загуби само Хјустон (Видео)

Вкупно десет интересни средби се одиграа ноќеска во НБА-лигата. Најголемото изненадување е поразот на Хјустон на домашен терен од Шарлот, што воедно претставува и единствено големо изненадување на натпреварите од вториот ден на новата сезона.

Само една средба заврши нерешено во регуларниот дел, онаа помеѓу ЛА клиперс и Феникс, а по продолжението се радуваа гостите. Од 20-те екипи кои истрчаа на паркетот, само Мајами не успеа да ја мине границата од 100 поени и во поразот од Орландо постигна „само“ 97 поени.

Резултати:

Детроит – Индијана 109-115
Атланта – Бруклин 120-116
Мајами – Орландо 97-116
Филаделфија – Милвоки 109-124
Торонто – Кливленд 106-136
Хјустон – Шарлот 105-110
Њу Орлеанс – Чикаго 123-111
Јута – Мемфис 124-126
ЛА клиперс – Феникс 113-116 (103-103)
Портланд – Голден стејт 104-139

- Оглас -

Најнови вести