Ајнтрахт, Рома и Тотенхем сигурно победуваат, голови ќе има во Истанбул и Атина (Фото)

6026 Ајнтрахт Франкфурт – РФС (18:45)

Фудбалерите на Ајтрахт Франкфурт како големи фаворити влегуваат во мечот од Лигата на Европа против латвискиот РФС. Сè освен лесна и убедлива победа на домашната екипа ќе биде големо изненадување. Германската екипа на двата досегашни натпревари од групната фаза одигра ефикасно. На домашен терен киксна против чешкиот П’лзењ и одигра 3-3 откако водеше со 3-1, но затоа победи на гостувањето кај Бешикташ со 1-3. Слично беше и на натпреварите на РФС, екипа која одигра 2-2 дома со Галатасарај, а загуби со 4-1 од ФЦСБ на гости.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.81)

 

6028 Рома – Динамо Киев (18:45)

Екипата на Рома на првите два натпревари од Лигата на Европа освои само бод, па дуелот против Динамо Киев на домашен терен е одлична шанса за прва победа оваа сезона. Укринскиот претставник има два порази, гол-разлика 0:5, па тешко дека ќе може да дојде до бод(ови) и против Рома, со оглед на тоа дека претходно губеше од Хофенхајм и Лацио. Овие две екипи последен пат се сретнаа во 2007 година, и двата натпревари ѝ припаднаа на Рома со 4-1 и 2-0.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.87)

 

6035 Тотенхем – АЗ Алкмар (21:00)

Тотенхем има максимални шест бода по две кола во Лигата на Европа, а продолжување на добрите резултати ќе бара и на мечот против АЗ Алкмар на домашен терен. Холандскиот претставник претходно загуби од Атлетик Билбао со 2-0 на гости, а дома го победи Елфсборг со 3-2, но заедно со првенството е во црна серија од четири порази по ред, за разлика од Тотенхем, кој има шест победи на последните седум натпревари.

Предлог тип: 1 & 0-29min (1.92)

 

6037 Фенербахче – Манчестер јунајтед (21:00)

Големи возбудувања и ефикасен фудбал се очекуваат на мечот во Истанбул, каде што Фенербахче предводен од Жозе Мурињо го пречекува Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи одиграа две нерешени средби во Лигата на Европа, против Порто (3-3) и Твенте (1-1). Двата меча завршија со голови во двете мрежи, а слично беше и на натпреварите на Фенербахче, кој одигра нерешено против Твенте (1-1), а го победи белгискиот Унион со 2-1. Токму затоа „гол-гол и 3+“ е најреалната опција за мечот на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул.

Предлог тип: ГГ и 3+  (1.99)

 

6708 Панатинаикос – Челзи (18:45)

Челзи не му дава големо значење на учеството во Конференциската лига, но и покрај тоа, натпреварувањето го започнаа со домашна победа од 4-2 против Гент. За разлика од нив, Панатинаикос одигра 1-1 на гости кај Борац во Бања Лука, па она што може да се очекува од овој меч се головите. Грчкиот претставник пред своите навивачите сигурно ќе сака да се прикаже во одлично светло против гигант каков што е Челзи, а гостите од Лондон иако не им по волја да играат во третото по ранг европско натпреварување, сепак играат за честа и боите на својот клуб.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.80)

- Оглас -

Најнови вести