Машката фудбалска репрезентација на Македонија се наоѓа на 69-тото место на новата ранг-листа на ФИФА кој беше објавена денеска.
Тимот на селекторот Благоја Милевски во текот на месецов извојува две победи, и тоа како гостин против Летонија и Ерменија, па Македонија сега има 9,83 поени повеќе во однос на септемвриското рангирање, а тоа ни донесе напредок за три позиции и враќање меѓу 70-те најдобри на светот. Ако се гледаат само европските селекции, Македонија е на 32-ро место во Европа.
На првите шест позиции нема промени, и натаму на врвот се Аргентина, Франција, Шпанија, Англија, Бразил и Белгија. Сега седма е Португалија, која скокна за едно место, а пад од седмо на осмо место имаше Холандија. Во топ 10 се и Италија и Колумбија.