Фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден, го пофали неговиот тимски колега Ерлинг Халанд дека е „чудовиште“, а како доказ за тоа го наведе синоќешниот гол на Норвежанецот против Спарта Прага, кога топката ја шутна со пета, и тоа во лет.
„По мечот му реков: Друже, јас да го направев тоа, ќе ми отидеа препоните. Не знам како го направи тоа. Веројатно затоа што има долги нозе. Тој е чудовиште, има талент каков што нема ниту еден друг“, изјави Фоден.
https://twitter.com/i/status/1849226798397088135