Во Лил победата над Атлетико ја славеа со албанско кече и летање орли (Видео)

Лил откако дома го совлада Реал, синоќа го победи и мадридски Атлетико, и тоа на гости, па славењето во соблекувалната на францускиот тим беше разбирливо.

Од Лил објавија снимка како се радуваат, а во центарот е Едон Жегрова, косовскиот репрезентативец кој беше стрелец на еден од головите со кои го изненадија Атлетико.

Жегрова е роден во Германија, но неговите се од Косово и тој игра за таа репрезентација. Тој сезонава е во одлична форма и за него има интерес од големи клубови како Манчестер јунајтед.

Едон со себе во Мадрид носеше албанско знаме и кече и во соблекувалната ги тераше своите соиграчи Дијаките, Дејвид и Мукау со раце да гестикулираат орел.

- Оглас -

Најнови вести