Ефектот на Флик: Барса синоќа истрча 30 километри повеќе од оние 2-8, и не ја „гњавеше“ топката

Барселона го победи Баерн Минхен за првпат по речиси 10 години. Барса синоќа беше исклучително агресивна, тимот трчаше, гризеше и играше директен фудбал, што им носи резултат.

Претходната победа на Барселона над Баерн беше во мај 2015 година, меч кој се памети по потегот на Лео Меси, кога го седна на задник Џером Боатенг.

Во август 2020 година, Баерн извојува историска победа над Барса од 8-2, и тоа Барса со Меси, Суарес, Бускетс, Тер Штеген на голот итн.

Четири години подоцна, Ханси Флик (тренер на Баерн кога ја победија Барса со 8-2) е поставен за тренер на Барселона, Германецот ги засука ракавите и од корен ја промени целата структура, затоа и резултатите дојдоа брзо и се над сите очекувања.

Флик ги задржа Рафиња и Левандовски, кои клубот планираше да ги продаде, а токму тие се главни во нападот заедно со младиот Јамал.

Барселона синоќа истрча дури 126,55 километри, шест повеќе од Баерн. Неверојатен е податокот дека во поразот од 2-8 од Баерн, Барса тогаш истрчала само 98 километри, дури 28 помалку од синоќа!

Покрај тоа што многу трча, Барса синоќа имаше само 43% посед на топката, што е најнизок процент во историјата на клубот за нивна победа во ЛШ. Во Барса веќе не е важно колку ја имаат топката.

- Оглас -

Најнови вести