УЕФА препознава квалитет: Стефан Ристовски е дел од идеалниот тим за третото коло во ЛШ

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, се најде во најдобриот тим во изборот на УЕФА за третото коло од Лигата на шампионите. Ристовски одигра блескав меч и имаше две асистенции во победата од 2:0 на Динамо Загреб на гости кај Салцбург.

Веднаш по мечот во Салцбург, Ристовски беше прогласен за најдобар играч на средбата, а денеска стигна уште едно големо признание ,и тоа од УЕФА. Дефанзивецот се најде во идеалниот тим за третото коло во ЛШ, каде што е заедно со ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус јуниор и Рафиња.

- Оглас -

Најнови вести