Кралевите ја прегазија Црвена ѕвезда, блесок на Ти Џеј Шортс и пораз за Димитријевиќ во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид убедливо ја победија Црвена ѕвезда со 95-72 и стигнаа до нов триумф во Евролигата. Кралевите“ создадоа голема предност уште на полувремето (46-29) и беше јасно дека ќе стигнат до победа.


Џанан Муса со 17 поени и Факундо Кампацо со 13 поени беа предводници во составот на Реал Мадрид.

Олимпија Милано и Ненад Димитријевиќ запишаа пораз на домашен терен во петтото коло од Евролигата. Подобар беше тимот на Анадолу Ефес со 84-96. Димитријевиќ беше без поентерски ефект на овој натпревар.

Ти Џеј Шортс со тимот Париз Баскет славеше важна победа во француското евролигашко дерби против Монако (80-87). Нашиот репрезентативец беше најдобар поединец на паркетот со 28 поени, десет асистенции и три скока.

Басконија ја победи Алба Берлин со 80-57, а Жалгирис славеше против Макаби Тел Авив со 78-63.

- Оглас -

Најнови вести