Месина со критики кон Македонецот: Димитријевиќ мора сам да си помогне

Еторе Месина и неговиот тим Армани Милано се на дното на табелата во Евролигата само со една победа од пет мечеви.

Италијанскиот тим, чиј член е и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, беше поразен и од Анадолу Ефес, а тренерот Месина изрази незадоволство од неколку свои кошаркари, меѓу кои и нашиот интерационалец.

Тој конкретно зборуваше за Ненад Димитријевиќ.

„Има проблеми на сите позиции. И офанзивно и дефанзивно. Во голем проблем е бидејќи ова е повисоко ниво, а моја работа, но и работа на тимот е да му помогнеме. Неговата работа е да нема изговори во својата глава, мора да направи чекор напред“, рече Месина.

„Постојат прашања за сила и конкурентност на двете страни на теренот“, додаде Месина, посочувајќи дека Димитријевиќ слабо игра во одбраната на тимот.

„Мислам дека шутна четири слободни фрлања во пет меча во Евролигата. Во најквалитетната лига е поинаку, а ние мора да му помогнеме. И тој мора и сам да си помогне“, истакна тренерот на Армани Милано.

- Оглас -

Најнови вести