Интер Мајами ја игра најдобрата сезона во клупската историја. Тимот предводен од Лионел Меси на теренот го има најдобриот скор во регуларниот дел од првенството и освои најмногу поени во историјата на МЛС-првенството.
Синдикатот на играчи во првенството на САД објави податоци со висината на платите на фудбалерите, а таму убедливо најдобар е Меси. Аргентинскиот виртуоз ќе инкасира вкупно 20.446.667 долари, сума која е поголема од буџетот што дури 22 екипи го трошат за плати на сите играчи.
Целиот тим на Интер Мајами за плати ќе добие вкупно 41,7 милиони долари. Потоа следува тимот на Торонто со 31,8 милиони долари, како и двата тима од Лос Анџелес. Галакси ќе одвои 22,1 милиони долари за плати, а ЛАФЦ дава буџет од 22 милиони долари. Уште четири клуба имаат поголем буџет за плати од тоа што добива само Меси и тоа се: Нешвил (21,9 милиони долари), Синсинати (21 милиони долари) и Хјустон (20,5 милиони долари).
По Меси, кој има плата од речиси 21,5 милиони долари, следува неговиот соиграч Серхио Бускетс со плата од 8,5 милиони долари. Крилото на Торонто, Лоренцо Инсиње, има годишна плата од 7,5 милиони долари, а таа негова плата може да достигне и до 15,4 милиони долари со бонуси.