Флик: Барселона има свој стил на игра и нема да го менува на дуелот против Реал Мадрид

Барселона како лидер во шпанското првенство ќе гостува во Мадрид против Реал во најголемото дерби во светот. Тренерот на каталонскиот гигант, Ханси Флик, вели дека се подготвуваат како за секој претходен натпревар и нема да има посебни тактики.

„Нашата цел е да го извлечеме максимумот. Да го имаме поседот на топката повеќе, да бидеме компактни, да не оставаме простор меѓу линиите. Против Баерн Минхен одигравме одлично во второто полувреме. Тоа е нашиот стил на игра и нема да го менуваме ни против Реал Мадрид. Реал Мадрид е многу опасен ривал, но и ние добро се подготвуваме за дербито. Ќе играме за да победиме на Ел Класико“, рече Флик.

Барселона има само една победа и дури три порази во последните четири пресметки со најголемиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести