Лука Станковски во фантастична гол-форма: Трет меч по ред погодува за Раднички (Видео)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски, игра во фантастична гол-форма за Раднички Крагуевац, па трет натпревар по ред успева да се запише во листата со стрелците. После головите против Чукарички и ТСЦ, нашиот фудбалер погоди и против Јединство во победата од 4-0 за Раднички.

Станковски во листата со стрелците се запиша во 33-тата минута, кога зголеми на 3-0. За Станковски ова е трет гол во шесттиот натпревар откако направи трансфер во првенството на Србија, а она што е интересно, ова е трет меч на кој нашиот интернационалец е стартер и на сите три натпревари успеа да погоди.

Раднички Крагуевац со оваа победа се искачи на четвртата позиција во првенството на Србија, со 20 бода, колку што има и белградски Партизан.

- Оглас -

Најнови вести