Фудбалерите на Удинезе го заборавија минималниот пораз од Милан и со рутиски 2-0 против Каљари им се вратија на победите. Екипата од „Фриули“ со оваа победа, барем привремено, се врати во топ-4 екипите во Серија А, со три бода помалку од лидерот Наполи.
Работата им беше олеснета со црвениот картон на Макумбу во 30-тата минута, па само осум минути подоца Удинезе поведе преку Лоренцо Лука. Конечните 2-0 ги постави Дејвис во 78-мата минута.