Женската фудбалска репрезентација на Македонија имаше успешна прва контрола на подготовките во Банско, Бугарија. Фудбалерките на првиот пријателски меч на стадионот „Септември“ во Разлог ја совладаа Молдавија со минимални 1-0.
Единствениот гол на мечот беше дело на Улза Максути во 93-тата минута. Македонија и Молдавија ќе одиграат уште еден контролен дуел во Разлог, во понеделник, а веќе наредниот ден фудбалерките ги завршуваат подготовките.