Флик удри по Реал Мадрид: „Преку клупската телевизија прават притисок на судиите“

Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува првото „ел класико“ ова сезона, а тренерот на Барселона, денес ја имаше и официјалната прес-конференција. Едно од новинарските прашање беше за објавените видеа на клупската телевизија на Реал Мадрид, со кои се критикува работата на судиите.

„Не знаев дека има такво нешто на телевизијата на Реал Мадрид. Не е во ред тоа да се прави. Судиите имаат тешка работа, а моја работа е да ги подготвам фудбалерите. Имам големо искуство и никогаш сум немал проблеми со судиите. Им кажав на фудбалерите дека фокусот треба да биде на нашата игра, а не на судиите. Мора да бидеме фокусирани на самите себе.“ – рече Ханси Флик.

https://twitter.com/mundodeportivo/status/1849773882581905595?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1849773882581905595%7Ctwgr%5E386f308aa2b2b9e993bc72ba28d39b8cdf859055%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fflick-prozvao-realovu-televiziju-pred-el-clasico-to-sto-oni-rade-nije-dobro%2F241025178

- Оглас -

Најнови вести