Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер сити за „само“ 60 милиони евра се покажа како вистински погодок за „граѓаните“. Норвешкиот репрезентативец немилосрдно ги тресе противничките мрежи, а оваа сезона веќе има 13 гола на 12 меча во сите натпреварувања.
Според медиумите од Островот, Халанд ја одбил понудата на раководството на Манчестер сити да го продолжи договорот за уште две сезони, со оглед на тоа дека актуелниот му истекува во 2027-мата. Клаузулата која ја определи Сити е 200 милиони евра и јасно е дека ниту еден клуб не е моќен да ја плати таа сум.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1849845505213239358?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1849845505213239358%7Ctwgr%5Ea6b643652aadc685ce8ce2fecc038feb3e306c31%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Ferling-haaland-real-madrid-manchester-city-istek-ugovora%2F484785
Токму затоа планот на Ерлинг Халанд е летото 2027-мата година да си замине како слободен фудбалер и тоа во Реал Мадрид. „Кралевите“ и претходно се споменуваа како опција за норвежанецот, но раководството нема да има ништо против за три години да добие екстра засилување бесплатно.