Ландо Норис изјави дека немал добро чувство во својот болид за време на втората тренинг-сесија пред ГН на Мексико Сити, која беше единствената за Британецот во текот на петочниот ден на патеката „Ерманос Родригез“.
Барањето на Мекларен за повторно разгледување на казната на Норис беше одбиено.
Британецот го отстапи својот болид на Пато О’Ворд за првите 60 минути за подготовки и се врати во кокпитот за втората сесија, која беше продолжена на 90 минути поради тестирање на гумите за следната сезона. Во оваа сесија, Норис направи 36 круга и го постигна петтото најбрзо време, заостанувајќи 0,249 секунди зад Карлос Саинц, кој беше прв. Колегата на Норис, Оскар Пиастри, го зазеде второто место, на 0,178 секунди зад Саинц.
„Чувството не беше добро, едноставно немав доволно кругови во споредба со повеќето други возачи, имав заостанување, и чувството не беше добро. На оваа патека е тешко да се најде доброто чувство бидејќи има многу ниско прилепување. Сигурен сум дека во квалификациите ќе биде подобро, но да, не беше најкомфорно, така што имаме работа. Се надевам дека ќе бидам многу подобар во квалификациите“, изјави Норис по завршувањето на втората тренинг-сесија.
Макс Ферстапен ги опиша петочните тренинзи пред Гран-при на Мексико Сити како „бескорисни“, откако направи само 18 круга за време на двете подготвителни сесии на патеката „Ерманос Родригез“.
Светскиот шампион помина многу време во гаражата на Ред Бул поради проблеми со погонскиот систем на неговиот болид. Проблемите се појавија на крајот од првата тренинг-сесија, кога Ферстапен се повлече во боксот пет минути пред крајот на сесијата, и продолжија и во втората, во која Холанѓанецот направи само четири круга. Во оваа сесија, тој преку радио му соопшти на тимот дека слуша „чудни звуци“ од моторот, кои подоцна беа категоризирани како „многу загрижувачки“.
И покрај овие проблеми, Ферстапен изјави дека не очекува да добие казна на стартната позиција поради користење дополнителни компоненти во својот погонски систем.
„Од аспект на моторот, сè проверуваме, не знам точно што се случи. Но, да, за мене ова беше бескорисен ден. Направив само четири или пет брзи круга, немаме многу податоци. Не би требало да имам казна. Не направив добра серија. Направив четири или пет круга вкупно, а тука спаѓа и подолгата серија. Така што, ова е еден ден за заборав,“ изјави Ферстапен.
Квалификациите за ГН на Мексико Сити ќе бидат интересни, а секако ќе бидат уште повозбдливи со квотите во Sport Life.