Ракометарките поразени и од Словачка на „Трофеј Карпати“

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз турнирот „Трофеј Карпати“. Нашите ракометарки денеска загубија од Словачка со 27-29, откако претходно убедливо беа поразени и од Романија со 36-25.

По првиот дел, македонските ракометарки имаа два гола предност (17-15) против Словачка, но противникот одигра подобро во второто полувреме и стигна до конечен триумф.

Македонија утре на „Трофеј Карпати“ ќе игра против Швајцарија.


Нашата репрезентација на Европското првенство за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција

- Оглас -

Најнови вести