Алкалоид и во реваншот ја победи Клаипеда

Ракометарите на Алкалоид стигнаа до првата европска победа на гости откако ја совладаа Клаипеда со 31-37. Тоа е само потврда за разликата во класа што тимот на Кире Лазаров го поседува во однос на противникот, со оглед дека и во Скопје славеа со убедливи 11 гола разлика.

Алкалоид по овој триумф го продолжува патот во ЕХФ купот.

Македонскиот претставник на полувремето обезбеди водство од четири гола (17-21), а во ист ритам продолжи и во вториот дел и заслужено стигна до победата.

Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Марко Митев, Арно Бинго и Александар Петковски кои постигнаа по шест гола.

- Оглас -

Најнови вести