Лајпциг му побегна на Баерн на врвот (Видео)

Лајпциг успеа да направи пресврт на дуелот против Фрајбург и на крајот славеше со 3-1, а со тоа и му побегна на Баерн Минхен на врвот на табелата. Сега тимот на Елиф Елмас, кој денеска не доби шанса за настап, има три бода предност пред баварскиот клуб, кој утре гостува кај Бохум.

Доан во 15-та минута обезбеди предност за Фрајбург, но Лајпциг направи пресврт на почетокот на вториот дел. Орбан израмни, а Гертруда во 58-та минута се погрижи за пресврт. До крајот погоди и Лоис Опенда за потврда на триумфот.

Аугсбург ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, а Штутгарт на домашен терен славеше со 2-1 против Холштајн Кил. Сент Паули и Волфсбург ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести