Манчестер сити стигна до нова победа во Премиер лигата, но не задоволи голгетерски на мечот против Саутемптон. Тимот на Пеп Гвардиола славеше само со 1-0, а единствениот гол го постигна Ерлинг Халанд во петтата минута од дуелот.
Most players in Haaland's position would fall down to the floor and claim a penalty, he's such a warrior. pic.twitter.com/aa0kDgnN9W
— KingKun (@AguxroRole) October 26, 2024
До крајот, Граѓаните ја контролираа играта, но и беа скромни што се однесува до головите.
Астон Вила испушти победа против Борнмут на домашен терен и одигра 1-1. Еванилсон во 96-та минута постигна гол за израмнување откако Баркли донесе водство за Астон Вила.
Брајтон и Вулверхемптон одиграа 2-2, а во вистинска голеада Брентфорд го победи Ипсвич со 4-3.