Заврши европскиот сон за Охрид откако убедливо загуби во Романија

Екипата на ГРК Охрид е елиминиран од Европскиот куп на ЕХФ, откако на реваншот кај Потаиса Турда загуби со 39:29. Охрид на првиот дуел славеше со 31:25, што значи дека не успеа да ја сочува предноста од шест погодоци, па тука завршува европскиот поход за нив.

Добро почнаа охриѓани и парираа на противникот во првите 15-тина минути кога резултатот беше 6:6. Потоа беше и 11:11, а во финишот на првиот дел, Потаиса Турда заигра подобро и на полувреме замина со предност од 17:14.

Фуриозно започна романскиот тим во второто полувреме и стигнаа до 24:17 и тогаш прв пат ја анулираше предноста на охриѓани од првиот меч од шест погодоци. Високи 11 голови преднсот Потаиса Турда имаше при резултат 30:19 и од тој момент, па до крајот, Охрид во ниту еден момент не успеа да намали под осум разлика.

За разлика од ГРК Охрид, првото коло од ова натпреварување го помина Алкалоид, кој денеска по втор пат беше подобар од ривалот од Литванија. 

- Оглас -

Најнови вести