Домашните екипи доминираа на четирите мечеви кои се одиграа вечерва во рамките од четвртото коло на Прва лига. Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром славеше против МКК Куманово со 78:71 во меч на кој домаќините добро започнаа и поведоа со 13:4. Кумановци возвратија па по првата четвртина водеа со 20:19.
Гостите водеа и со 30:27, а потоа МЗТ со низа од 9:0 го превземаа водството, а на полувреме фаворитот замина со предност од 40:36. Аеродромци водеа и во текот на целата трета четвртина, но ниту еднаш предноста не беше повеќе од девет разлика. Во решавачката последна четвртина МЗТ стигна до 73:59 и до крајот на дуелот рутински, стигна до нова победа.
Гостивар славеше против Пелистер со 77:66 во меч на кој домаќините водеа во најголем дел од средбата, а највисоката предност ја имаа во третата четвртина кога беше 60:40.
Кожув беше убедлив и со 85:64 го победи Тиквеш, а сигурна победа оствари и Шкупи против вардар и тоа со 89:68.
Утре ќе се игра дербито меѓу Работнички и Чаир.