Шпанскиот вицешампион Барселона оствари фантастична победа со 0-4 на гости кај својот најголем ривал Реал Мадрид во Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“. По крајот на натпреварот, тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик, беше воодушевен и изјави дека е горд на своите фудбалери, кои одиграа неверојатен натпревар.
Германскиот стратег стана само вториот тренер кој успеал да победи на гости на своето прво Ел Класико. Првиот кој го направил тоа е Австриецот Џек Домби, чие вистинско име е Рихард Кон. Во 1926 година, тој го победи Реал на „Чамартин“ со 5-1.
RMA 0-4 FCB (FT) – Hansi Flick hace HISTORIA: es el SEGUNDO entrenador q apaliza fuera de casa al eterno rival, en su primer clásico. El primero en lograrlo fue el austriaco Jack Domby (que se llamaba realmente Richard Kohn) que ganó 1-5 en Chamartín en su primer clásico en 1926 pic.twitter.com/T0Jm8ihesC
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) October 26, 2024
„Почнавме многу добро во првото полувреме. Нашата одбрана беше високо поставена. Тоа можеби изгледаше ризично, но функционираше. Потоа направивме вистинска промена на полувремето, а играчите ги извршија задачите перфектно. Секој знаеше што треба да прави и во напад и во одбрана. Секогаш сакам да се подобруваме. Не беше лесно, но се браневме добро. Веруваме во нашите идеи, но мораме да продолжиме со работа“, изјави Флик.
„На полувремето направивме промена и го зголемивме притисокот. Во второто полувреме ја контролиравме топката подобро. Тоа го барав од играчите. Секогаш сум велел дека сум среќен што живеам и работам во Барселона. Ова е фантастична работа и се чувствувам одлично. Задоволен сум од Ињаки Пења, кој добро се снајде. Важно е што ја сочувавме мрежата. Играчите добиваат самодоверба. Беше убаво да ги гледам како слават во соблекувалната. За мене е важно да се браниме со топката во нашите нозе. Тогаш не им оставаме простор на противниците“, додаде Германецот.
„Секогаш сум го гледал основно настапот на тимот и во овој случај нашиот план функционираше. Одигравме фантастичен натпревар. Бевме солидни во одбрана и сум задоволен од тоа што го направивме. Се фокусирам на сегашноста, а не на минатото. Навивачите многу ни помагаат во последните недели. Важно беше да создадеме ваква тимска атмосфера. Ќе ја прославиме оваа победа и на играчите им давам два дена одмор. Потоа започнуваме со подготовките за следниот натпревар со Еспањол. Задоволни сме, но мораме да останеме фокусирани на она што следува“, изјави Флик.