Словенечки судија „на ладење“ поради досуден сомнителен пенал и непостоечки гол против Словенија (Видео)

Нејц Кајтазовиќ важи за еден одд најдобрите судии во Словенија, а кулминација на работата му беше тоа што доби шанса да биде дел од финалето во Лигата на шампиони против Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Кајтазовиќ беше во ВАР собата на финалето во ЛШ, но наместо кариерата да му оди нагоре, тој е дел од неколку скандали.

Последен во низата чудни одлуки на Кајтазовиќ се случи пред неколку недели кога се играше пријателски меч меѓу Словенија и Австрија за играчи до 19 години. Во 36 минута беше досуден чуден пенал и тоа против Словенија. Јован Живковиќ ја превзема одговорноста да го шутира пеналот за Австрија, а ударот од 11 метри заврши во пречката, а потоа топката се одби во поле.

Сепак, на неверување на сите 22 фудбалери на теренот, судијата Кајтазовиќ покажа дека е гол за Австрија, иако топката воопшто не влезе во голот. Оваа спорна ситуација може да ја видите на видеото и тоа на 45 минута и 20 секунди.

На истиот дуел на селекциите до 19 години, Кајтазовиќ досуди уште еден чуден пенал, овојпат за неговите сонародници, односно за Словенија. Таа ситуација може да се види на 55 минута на видеото.

Иако официјално не беше објавено дали е суспендиран, забележливо е дека тој не бил делегиран за последните натпревари од словенечката фудбалска лига, а не беше во тимот на Винчиќ за дуелот меѓу Барселона и Баерн во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести