Нема веќе непоразени екипи во шпанската Ла Лига, откако Атлетико Мадрид вечерва загуби на гостувањето кај Бетис со 1-0. Човек на одлука беше фудбалерот на „јорганџиите“, Хименес, кој уште во четвртата минута си постигна автогол.
Атлетико Мадрид сега е четвртопласиран со 20 бода, додека Бетис една позиција подоле со два бода помалку од денешниот ривал.