Перфектна трка за Саинс, борбата за титулата во Формула 1 се вжештува

Возачот на Ферари, Карлос Саинс, е победник на трката за ГН на Мексико, откако пол-позицијата знаеше да ја сочува, иако уште во првиот круг беше минат од Макс Ферстапен. Сепак, шпанецот во продолжение од трката успеа да се врати на првото место и успешно да го чува до самиот крај.

https://twitter.com/F1/status/1850654854919725250

Во Мексико за малку ќе имаше еден-два победа на Ферари, бидејќи се до неколку круга пред крајот на трката, на втората позиција беше Чарлс Леклер, но една грешка го чинеше многу и на крајот ќе мора да се задоволи со третата позиција, а второто место да му го препушти на Ладно Норис.

Четврти заврши Хамилтон, петти Расел, додека актуелниот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен го освои само шесттото место. Бодови освоија уште и Магнусен, Пјастри, Хулкенберг и Гисли.

Сето ова би значело дека на преостанатите четири трки ќе се води голема борба за титулата помеѓу Ферстапен и Норис, но и помеѓу Ред бул, Мекларен и Ферари за титулата во конкуренција на конструктори.

- Оглас -

Најнови вести