ПСЖ шампионски го растури Марсеј на гости (Видео)

Актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, покажа дека е убедливо најдобрата екипа во Франција и без големите ѕвезди кои настапуваа за екипата изминатите сезони. Во дербито на колото, „светците“ буквално го растурија Марсеј со 0-3 на гостински терен и сега имаат три бода предност пред Монако и шест пред денешниот противник.

Невес во седмата минута ја најави победата, а работата им ја олесни Харит во 20-тата минута со директниот црвен картон. До паузата следуваа уште два гола во мрежата на домашните. Најпрво Балерди си постигна автогол, а потоа Баркола ги постави конечните 0-3.

- Оглас -

Најнови вести