Фиорентина со голгетерско шоу кое не се памети од 1997 година

Требаше да биде дерби, но Фиорентина немаше милост против Рома и победи со убедливи 5:1, покажувајќи дека Виолетовите се во одлична форма и голгетерски ритам. Уште во првото полувреме Фиорентина поведе со 3:1, а во вториот дел домаќините постигнаа уште два погодока за комплетирање на убедливиот триумф.

Со овие три бода, Фиорентина стигна до 16 бода и е на четвртото место на табелата. Пред нив се лидерот Наполи (22 бодови), Интер (18) и Јувентус со 17 бодови. Тимот од Фиренца досега постигна 20 погодоци и го има третиот најефикасен напад. Посебно расположенни за голови беа во последните две кола, кога прво успеаја да победат со 6:0 на гости против Лече, а сега и на Рома ѝ дадоа пет погодоци.

Победата од 6:0 на гости кај Лече беше нивен најубедлив триумф на гостински терен во последните речиси 60 години, а сега и првпат по 27 години, Фиорентина во две кола по ред постигнува 5+ погодоци во Серија А. Последен пат Виолетовите тоа го направија во 1997 година, кога победуваа убедливо со пет или повеќе дадени голови во дуелите против Винченца и Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести