Масовна тепачка на фудбалери во меч од лига во Црна Гора (Видео)

Немили сцени го одбележаа мечот од седмото коло во третата лига во Црна Гора меѓу Црвена стена и Зета. Поради масовна тепачка во која учествуваа повеќе фудбалери од двата тима, дуелот беше прекинат.

Имаше фаул, а потоа започна мешаница, која се претвори во масовна тепачка, а најлошо помина еден фудбалер на Зета, кој имаше обилно крварење од носот, но, за среќа, завршил без скршеница.

Во моментот на прекинот, Зета водеше со 1:0, а се претпоставува дека сега ќе следи службена победа на Зета со 3:0, додека домаќинот ќе добие и дополнителна казна поради лоша организација затоа што во мешаницата се вклучија и луѓе кои втрчаа од трибината.

- Оглас -

Најнови вести